
По петте последователни триумфи, Филаделфија Филис го запишаа првиот пораз, откако беа надиграни со 0-6 од Питсбург Пиратес.
На мечот, ,,Пиратите” постигнаа еден поен во првиот ининг, а во последните три деветтини, успеаја уште пет пат да ги променат бројките на семафорот.
Од поентерите, хоум-ран запиша Кол Такер, а по четири бази, освен него, освоија уште Брајан Рејнолдс, Хој Парк, Ентони Алфорд и Ке’Брајант Хејс.
Што се однесува до фрлачите, со пет страјк-аути за пет ининзи, најмногу се истакна стартерот на победниците – Макс Креник.
На табелата на Националната лига и покрај триумфот, Питсбург (58-97) остана на претпоследната позиција, додека Филис (81-75) го држат шестото место.



