
Откако водеа со 0-13, односно со 7-16, Балтимор Рејвенс безмалку ќе останеа без триумф на гостувањето кај Детроит Лионс.
Домаќините, во второто полувреме, успеаја да направат пресврт и да поведат со 17-16, но во финишот на сцена стапи Џастин Такер.
Шутерот на Рејвенс му ја донесе втората овосезонска победа на својот тим со најдалечниот филд-гол во историјата на НФЛ од 66 јарди.
Имено, Такер го заврши мечот со дури 13 постигнати поени, а заедно со тачдаунот на Девин Дувернеј, Балтимор стигна до резултат од 17-19.
Од друга страна, за Детроит тачдаун запишаа Џамаал Вилијамс и Д’Андре Свифт.
Во соработка со НФЛ Македонија



