
Во триесеттото коло од јапонската Ј-1 Лига беше одиграно шестото лигашко дерби на Јокохама во историјата.
Истото, за првпат досега, заврши со нерешен резултат, откако на ,,Мицузава Стадиум”, Јокохама ФК и Јокохама Маринос ремизираа со 2-2.
Херој на номиналните домаќини на овој меч беше Сауло Минеиро, кој ги постигна двата дебитантски погодоци во Ј-1 Лига и им донесе реми на Јокохама ФК.
Бразилецот, најпрво стрелаше во 38. минута, а после еден час игра, неговиот сонародник на спротивната страна, Маркос Џуниор (62′), израмни на 1-1.
Само десет минути по израмнувањето, Кота Ватанабе заработи втор жолт картон, но и покрај играчкиот дефицит, Маринос го комплетираа пресвртот преку Даизен Маеда (77′).
Во последната минута од регуларниот дел на натпреварот, Минеиро по вторпат ја затресе мрежата на Јохеи Такаока и го постави конечниот резултат.
Освоениот бод не му оди во прилог на ниеден од двата тимови со тоа што Јокохама ФК остана на дното, а Маринос се втори, но го загубија чекорот во однос на водечкиот Кавасаки.



