Боби Павловски има нова песна и видеоспот “Калдрма”. Aвтор на музиката и текстот e Љубинко Танасиќ, додека аранжманот е на Милан Раѓен. Придружните вокали на песната ги пее познатата Ивана Селаков, која јавноста ја памети по бројните хитови и особено фантастичниот дует со Аца Лукас. Видеото и овој пат е работено со одличната екипа на Tropical Lifeisfun и режисерот Љуба Радојевиќ.



