
После воведниот пораз од 38-3 од страна на Њу Орлеанс Сеинтс, Грин Беј Пекерс совршено се катапултираа назад во игра за врвот на НФК Север.
Имено, во последниот меч од второто коло, претставниците на Висконсин ги поразија дивизиските ривали Детроит Лионс со 35-17.
Во првото полувреме, Лионс водеа во три наврати, со 0-7, со 7-14 и со 14-17, кој воедно беше и резултатот на паузата.
Во вториот дел, на теренот доминираше нападот на домаќините, кои дојдоа до конечен триумф со серија од 21-0.
За Детроит, квотербекот Џеред Гоф, очекувано беше најдобар додавач (246 јарди со 26/36 додавања, два тачдауни и еден пресечен пас), но исто така беше и најдобар тркач на својот тим (46 јарди со 4 трчања).
Неговите додавања за тачдаун завршија во рацете на најефикасните примачи, односно Ти Џеј Хокенсон (8 фаќања за 66 јарди) и Квинтез Сифус (6 фаќања за 63 јарди).
На спротивната страна, Арон Џонс стана првиот играч од 1950 наваму со четири тачдауни против Лионс, а воедно стана и прв ранинг бек во историјата на Пекерс со три фаќања и со едно трчање за тачдаун на еден ист натпревар.
Џонс ја заврши својата маестрална партија со вкупно 115 освоени јарди, односно со шест јарди помалку од најдобриот фаќач на Грин Беј – Деванте Адамс (121).
Квотербекот Арон Роџерс, ја продолжи својата серија на седум победи после пораз под водство на Мет ЛаФлер со тоа што уфрли четири тачдауни и освои 255 јарди од 22/27 обиди за додавање.
Освен Џонс, единствен друг фудбалер што забележа тачдаун за Пекерс беше и тајт-ендот Роберт Тонјан во третата четвртина.
Во соработка со НФЛ Македонија



