
После 293 дена, поранешниот светски број еден во пикадо, Мајкл ван Гервен, се закити со титула.
Холанѓанецот стана првиот шампион на Нордик Мастерс, откако во финалето ја совлада Фалон Шерок со 11-7.
На мечот, ван Гервен уфрли шест фрлања од 180 поени, а просекот по три стрелки му изнесуваше 98,54 што беше за нијанса подобар од просекот на неговата конкурентка (96,20).
Шерок го започна мечот на многу подобар начин, притоа водејќи со 6-3 и со 7-5, пред ван Гервен да ја започне серијата од шест освоени партии во низа.
Сепак и покрај поразот, Англичанката влезе во историјата како прва жена што се пласирала во финалето на еден мастерс-турнир во пикадо.



