
После неверојатното прво коло следуваше и спектакуларната увертира на второто, во која се соочија Њујорк Џајантс и Вашингтон ФК.
Двата ривали од НФК Исток влегоа со пораз во овој дуел, а изедначеноста на теренот доведе до возбудлив финиш, решен во последната секунда со 30-29 во корист на Вашингтон.
После третата четвртина, Џајантс водеа со 20-17, откако постигнаа два тачдауни и два филд-голови, односно имаа еден шут за три поени повеќе во однос на своите противници.
Последниот период од мечот беше вистински пекол со по три поентирања и на двете. За Џајантс, сите три беа шутеви, додека Вашингтон, освен двата филд-голови, додаде и еден тачдаун.
При резултат од 26-27 за Вашингтон, на три минути пред крајот, дефанзивецот на Џајантс, Џејмс Бредбери, пресече додавање и во продолжение Џајантс поведоа со 29-27.
Во последната секунда, шутерот на гостите, Дастин Хопкинс, биеше непрецизно, но поради офсајдот на одбраната, односно на Декстер Лоренс, шутот беше повторен и конвертиран успешно за победа.
Квотербекот на Џајантс, Даниел Џонс, имаше 249 освоени јарди со додавање и еден тачдаун кон Дариус Слејтон од 22/32 обиди, но сепак го запиша првиот пораз во кариерата против поранешните Редскинс.
Освен тоа, Американецот постигна и еден тачдаун со пробивање, заедно со уште 95 јарди со трчање што претставува нов рекорд за квотербек на ,,Сините” уште од 1950.
Неговиот колега на спротивната страна, Тејлор Хајники, уфрли за 336 јарди и за два тачдауни кон Тери МекЛорин (11 фаќања за 107 јарди) и кон Рики Силс-Џонс (1 фаќање за 19 јарди).
Од тркачите, Антонио Гибсон истрча за 69 јарди, а единствениот тачдаун со пробивање го постигна Џеј Ди МекКисик.
Шутерите и на двете екипи заслужуваат пофалба бидејќи имаа стопроцентен учинок. За Џајантс, Греам Гено запиша пет филд-голови и два екстра-поени, додека гореспоменатиот Хопкинс, за гостите донесе вкупно дванаесет поени.
Во соработка со НФЛ Македонија



