
Питсбург Стилерс, веќе седма сезона во низа, во првото коло играа на гостински терен, каде што денес ги поразија Бафало Билс со 23-13.
Домаќините го отворија мечот со враќањето од 75 јарди на Ајзеа МекКензи, кое заврши со филд-гол на Тајлер Бас за почетно водство од 3-0.
Во продолжение, целото прво полувреме помина во знакот на одбраните, сè до 22 секунди пред крајот, кога Габриел Дејвис постигна тачдаун за зголемување на предноста на Билс.
Во првото полувреме, Стилерс освоија само 54 јарди во нападот, но веќе во првиот драјв од третата четвртина дојдоа до нови 64 освоени јарди, кои беа крунисани со филд-голот на Крис Босвел.
Кон крајот на третиот квартал, Чејс Клејпул, со одлична трик-акција, им донесе извонредна позиција на гостите од Питсбург, кои, иако беа на само два јарди од енд-зоната со четврти обид, се одлучија за нов шут за три поени, кој беше успешно изведен од Босвел за 10-6.
Веќе после неполни четири минути игра во последниот дел, Стилерс направија целосен пресврт и поведоа со 13-10, откако тачдаун постигна Дионте Џонсон.
Одличната одбрана и одличниот специјален тим на Питсбург го решија натпреварот на десет минути пред крајот, откако Улисеес Гилберт ја внесе топката во противничката енд-зона после блокираниот пант на Мет Хаак за двојно поголемо водство од 10-20.
До последниот звук на сирената, двете екипи запишаа по еден, односно по два филд-голови за поставување на конечниот резултат.
Во соработка со НФЛ Македонија



