
Мелбурн Сторм го започнаа походот кон одбрана на титулата со победа во првата фаза од плејофот над Манли Си Иглс од 40-12.
На теренот, во поголемиот дел од мечот, ,,постоеше” само тимот на номиналните домаќини, кои тргнаа фуриозно од самиот старт со серија од 18-0.
Заклучно со 52. минута, Си Иглс постигнаа 12 и примија 12 поени, а до самиот финиш, Сторм направија нова серија од 10-0 за да стигнат до конечниот резултат.
За Манли, поентерското дуо беше составено од положувачот Џејсон Сааб (31′, 51′) и од шутерот Рубен Герик.
Од друга страна, за Сторм, капитенот Рајан Папенхајзен беше задолжен за две положувања (39′, 45′), за пет конверзии и за три пенали.
Освен него, во листата на стрелците се запишаа уште Исак Лумелуме (3′), Кенит Бромвич (10′), Кристијан Велх (14′) и Џастин Олам (77′).



