Репрезентацијата на Македонија вечер против Грузија на Националната арена „Тодор Проески“ од 20:45 го игра натпреварот во рамки на четвртото коло од Лигата на нации.
„Атмосферата во екипата е добра, иако не го остваривме планираното во Естонија. Сепак, да не заборавиме дека нашата главна цел ја постигнавме, а тоа е дека Македонија е на чекор до Европско првенство. Утре имаме натпревар со противник со кој ќе се сретнеме во финалето и без разлика на сите отсуства, сите кои ќе истрчаат на теренот, должни се да го дадат максимумот. Прв пат играме во седум дена три натпревари, првиот натпревар беше многу важен од секаков аспект. Селекторот на Грузија исто има проблеми со повреди и отсуства, но на нас селекторите е да го искористиме тоа што го имаме. Не очекувам противникот да калкулира со составот, напротив“, изјави селекторот Игор Ангеловски на прес-конференцијата.