Репрезентацијата на Македонија вечер против Грузија на Националната арена „Тодор Проески“ од 20:45 го игра натпреварот во рамки на четвртото коло од Лигата на нации.
„Секако дека ќе им дадам поддршка на сите играчи кои ќе настапати ја имаат мојата поддршка. Имаме многу нови играчи, секако им треба мотив и јас стојам зад нив. Ќе го дадеме максимумот. Сите што сме тука конкурираме за првите единаесет. Ритамот е пеколен, три меча и тешко е. Не може секој меч да се добие, но уверен сум дека утре ќе дадеме се од себе да оствариме нова победа без разлика кој ќе истрча на теренот“, изјави капитенот Горан Пандев на прес-конференцијата.