Македонската фудбалска репрезентација во второто коло во Лигата на Нации на УЕФА во Тбилиси против домашната селекција на Грузија ремизираше 1-1.
Домаќините го отворија резултатот од пенал во 13 минута, откако Алиоски неправилно стартуваше врз Кваратшкелија во казнениот простор. Сигурен реализатор на најстрогата казна беше Окријашвили за 1-0. Стефан Ристовски по двојно проигрување со капитенот Горан Пандев во 33 минута израмни на 1-1.
Второто полувреме се играше претежно мирно кога во 64 минута Висар Муслиу доби директен црвен картон по лизгачки старт врз Канкава на средината од теренот. До крајот на мечот Грузија не успеа да ја искористи предноста со играч повеќе и Македонија зеде бод од Тбилиси.



