На отвореното ракометно игралиште „Горан Попоски Бабец“ покрај женска плажа во Струга овие денови (од 12 до 16 август) се игра 48-то издание на Струшкиот ракометен турнир кој поради пандемијата оваа година е само со Македонски екипи.

Во првиот натпревар од третиот ден на Струшкиот ракометен турнир фаворитот Металург славеше против домаќинот Струга 35-24. Тимот од Автокоманда направи предност уште во првото полувреме кое заврши со 17-12. Во вториот дел искусниот состав на Металург рутински ја доврши средбата.




