Незаборавен викенд на Јабланица. Вљубениците во природата, планинарењето и авантурата Др.Оливер Бојчески и Саво Крстаноски од (ПЕД “Гороцвет на Јабланица”) и Жанко ЗШ Голабоски и Мишко Танески од Авантуристичкиот клуб “Планинско Лудило” со група планинари , екологисти и вљубеници во природата од повеќе градови од Македонија (Прилеп,Куманово,Тетово,Скопје ,Велес) изведоа интересна дводневна планинарска акција со многу авантура, незаборавно дружење, логорување ,плажирање на 2000мнв, и искачување на двата врва Стрижак и Црн Камен. Меѓу другото посетивме неколку бачила и се запознавме како се одвиваат работите на едно бачило. Посетивме ранч со коњи и се запознавме со основите на јавањето. Дел од акцијата кој беше и најинтересен беше плажа на 2000мнв.на Вевчанска Локва и Подгоречко езеро. Нормално како шлаг на тортата беше логорскиот оган со вкусна домашна храна пијалок и песна .