Металург продолжува со тренизи во мали групи во сала.Во текот на викендот пристигнаа сите странци, меѓу кои и нашите нови петмина ракометари, кои ја засилија екипата во текот на ова лето. Денеска дресови задолжија Рниќ, Тарабокија, Потиќ, Канкараш и Хорват.
Утрешниот попладневен тренинг Металург ќе го одржи на фудбалското игралиште во Автокоманда во комплетен состав. Тренингот ќе почне во 18.30 часот.