Нормално дека сите сакаме да изгледаме убаво во нашето тело, да се чувствуваме пријатно, комотно и заводливо.
Што се однесува до жените, според женската градба познато е дека една од атрибутите на секоја жена е да е добро обликувана во нозете, задникот и колковите.
За таа цел во Форма Вита практикуваме повеќе вежби, со цел да постигнеме одредена промена на нашето тело.
За намалување на обем и зацврстување на овие мускули, покрај напорно вежбање многу е важно да е пропратено со избалансирана здрава исхрана
Избегнување на газирани пијалоци, десерти и прѓена храна се првите работи што треба да ги направите.
Силовиот тренинг со тегови има голем удел во правилно оформување на мускулите на нозете и задникот
Точно е дека генетиката и генетските предиспозиции се важни и влијаат врз изгледот на телото. Кај некои се складираат повеќе масти, кај други помалку. Некој мора да вежба понапорно и повеќе, некој полесно постигнува резултати,
НО ПРОЦЕСОТ И НАЧИНОТ ПО КОЈ ТРЕБА ДА СЕ ВОДИМЕ Е ИСТИОТ!
Кардио тренинг комбиниран со тежински вежби за нозе е одлична комбинација
Ваквите тренизни во Форма Вита активно се применуваат во оваа сезона и даваат одлични резултати