Во шампионатот на Кипар тимот на АЕК Ларнака на Иван Тричковски славеше убедливо против Етникос Ахна со 5-1. Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски постигна еден гол на овој меч. Toa беше негов шести гол на последните пет натпревари во кипарската лига.
Даниел Мојсов не настапи на овој меч за АЕК, додека за тимот на Етникос Ахна настапуваат некогашните репрезентативци Мартин Богатинов, Јован Костовски и Бојан Маркоски.



