Поранешниот македонски репрезентативец Адис Јаховиќ кој е член на Малатијаспор во турскиот шампионат постигна фантастични четири гола на натпреварот против Денизлиспор кој неговиот тим го доби со 5-1.
Досега Адис Јаховиќ има 7 голови во Турската лига, а 3 погодоци даде во квалификациите во Лига Европа.



