“Во текот на наредната недела во периодот од 26.08 до 30.08.2019 година,ЖКК Бадел 1862-Скопје ќе биде домаќин на женскиот кошаркашки клуб POST SV Nirnberg,од Нирнберг ,Р.Германија.
Ова е возвратна посета од страна на кошаркарките од Нирнберг, по престојот на кошаркарките на БАДЕЛ1862 во Нирнберг,минатата година,при што беа воспоставени одлични односи,по што беше лигичен след да возвратиме на нивната одлична организација и гостопримливост.
За време на нивниот престој во Скопје,ќе се реализира богата програма,пред се со обавување заеднички тренинзи,размена на искуства,културно историски разглед на градот, обавување заеднички тренинг во природа на врв на Водно,посета на Кањонот Матка.
Покрај другото, и градоначалникот на Скопје,госп.Петре Шилегов ќе организира прием на кошаркарките, во рамките на веќе долгогодишната соработка на двата збратимени градови на 27.08.2019 година.
Посета на дел од натпреварите од Европското првенство во женска кошарка А дивизија за девојки под 16 години кое се организира во Скопје.
На крај од посетата на 30.08.2019 година со почеток во 11 часот во спортската сала Независна Македонија ќе се одигра пријателски натпревар помеѓу двете екипи,при што упатуваме повик за присуство на овој натпревар на љубителите на женската кошарка.
Во оваа прилика би сакале да искажеме јавна благодарност до градоначалникот на Град Скопје госп, Петре Шилегов и градоначалникот на општина Кисела Вода госп.Филип Темелковски за дадената помош за организација и реализација на програмата преку логистичка подршка” стои во соопштението на ЖКК Бадел 1862 Скопје.



