По подолго време убава вест за македонските љубители на елитниот клупски фудбал. Италијанската Серија А ќе се емитува на националниот сервис каде што ќе има по еден натпревар од секое тековно коло. Викендов започнува калчо лигата, а во неа имаме тројца македонски репрезентативци Горан Пандев, Илија Несторовски и Елиф Елмас.



