Викендов на 16.11 култниот бенд „Меморија’’ и нивните гости одржаа спектакуларен концерт кој не смееше да се пропушти и покажаа зошто траат цели 40 години.
Низ неколку фотографии низ објективот на Александар Менкиноски ве покануваме да погледнете дел од прекрасната атмосфера во исполнетата сала „Борис Трајковски“.














