Екипата на триатлон клубот 3Дисциплинес од Струга со дел од екипата по пливање денес настапија на првиот Преспански маратон како дел на отворените првенства во далечинско пливање во Република Македонија.
Клубот настапи со 8 членови во категоријата на 800м од 2008 до 2012 година:
Тија Кукунешоска 4-то место
Олјса Орани 5- то место
Тара Цома
Дамјан Бежаноски 6-то место 2011
Давид Попоски 9-то место 2012
Јован Кутаноски 7-место 2014
Климент Ковачески 8-мо место 2013

И во категоријата од 2007 до 2012 Урош Трповски го освои 3-то место во негова категорија и 4-то во севкупен пласман. Летниот период тренира и плива заедно со Димитар Јованоски и тренерот Никола Кутаноски, а преку година живее и тренира до јуни месец ватерполо во Белград за Партизан, а сега од оваа година за Радницки Крагујевац .
Веќе утре во недела не очекува нова трка овој пат штафетна трка во триатлон во Дебар.