Селекторот на машката младинска ракометна репрезентација на Македонија, Радослав Стојановиќ, го објави списокот на повикани ракометари родени 2004 година и помлади, кои ќе учествуваат на подготовки и настап на престојното Светско младинско првенство во ракомет, кое ќе се одржи во Полска.
Подготовките ќе започнат на 8 јуни 2025 година, со собир закажан во 12 часот пред просториите на Ракометната федерација на Македонија, од каде репрезентацијата ќе замине за Маврово.
На списокот се наоѓаат 20 ракометари од македонските прволигашки клубови, како и еден интернационалец што настапува за австрискиот клуб HSG Graz. Составот ги опфаќа најталентираните млади ракометари во земјата, кои ќе ја претставуваат Македонија на големата светска сцена.
Список на повикани ракометари:
- Давид Брестовац – РК Еурофарм Пелистер
- Иван Галевски – РК Алкалоид
- Марко Трајков – РК Пролет 62
- Дамјан Субашевски – РК Бутел Скопје
- Марио Стојановски – РК Вардар 1961
- Александар Петковски – РК Алкалоид
- Тодор Узунчев – РК Бутел Скопје
- Томислав Димковски – РК Пролет 62
- Дамјан Митев – РК Алкалоид
- Андреј Стојановски – РК Пролет 62
- Мирче Калајџиски – РК Еурофарм Пелистер 2
- Јован Даневски – ГРК Тиквеш
- Димитар Узунчев – РК Бутел Скопје
- Давид Димевски – МРК Куманово
- Ненад Белистојановски – РК Еурофарм Пелистер 2
- Валентин Карасманакис– РК Алкалоид
- Дејан Михајловиќ – РК Бутел Скопје
- Андреј Глигорoв – РК Пролет 62
- Борјан Дамјаноски – HSG Graz (Австрија)
- Славчо Шулески – ГРК Тиквеш
Македонија со нетрпение го очекува настапот на овие млади надежи, кои имаат задача да ја продолжат традицијата на успешни настапи на младинските ракометни селекции.




