Во натпреварот за шампионскиот трофеј, „вардарки“ убедливи против МЗТ Скопје Аеродром, високи (64:47)
Екипата на Вардар е освојувач на победничкиот пехар наменет за најдобрата во М18 лигата во женска младинска конкуренција.
Имаа пеколна прва четвртина девојките во „црвено-црна“ комбинација во финалниот меч, со која противникот, екипата на МЗТ Скопје, го оставија без никаква шанса за успех.
Ања Начевска кошаркарката на Вардар, победничката екипа на финалниот турнир од М18 лигата, е прогласена за најкорисна на дводневниот собир во СРЦ „Кале“ во Скопје. Актуелната репрезентативка на Македонија имаше две одлични изданија, како во полуфиналето, така и во оној финален натпревар на турнирот.
Во полуфиналето имаше двоен скор од 16.поени и 17.скока, за 29. индексни поени.
Слична игра Начевска повтори и во решавачкиот натпревар за шампионската титула. Оствари нов дабл-дабл, изразен преку реализација на 16.поени, и дури 20.скокови, односно индекс 26, за потврда на индивидуалните квалитети презентирани и во јуниорското финале.




