Фудбалската Федерација на Македонија преку својот Центар за Едукација на тренери оствари ратификација за издавање на дипломи за тренери на голмани со логото на УЕФА. Почнувајќи во 2016 година со првиот курс за Национална Б лиценца од кој подоцна произлегоа кандидати за отпочнување на првиот курс за УЕФА А Диплома (2017 – 2018) за тренери на голмани.
Беа спроведени и вкупно шест испити со кандидати од групата кои беа под мониторинг на УЕФА менторите, пред кои кандидатите успешно ја презентираа работата на тренерите на голмани. По завршување на целокупната програма.
УЕФА менторите поднесоа позитивен извештај до ЈИРА панелот на УЕФА кој на својот состанок во Болоња го потврди членството на ФФМ за издавање на УЕФА А Дипломи за тренери на голмани по што УЕФА и официјално ја извести федерацијата дека има полноправо да ги издава овие дипломи.
Извор и фото: http://ffm.mk



