РК Охрид денес и утре ќе учествува на Меѓународниот ракометен турнир “60 ГОДИНИ РАКОМЕТЕН КЛУБ СЛОБОДА” . Во првиот натпревар од 17:30 ќе играат Металопластика (Србија) и Орошази (Унгарија). Во 19:30 е церемонијата на свеченото отворање на турнирот. Во 20 часот нашиот тим во второто полуфинале силите ќе ги одмери со домаќинот Слобода од Тузла. Утре на програмата се натпреварот за трето место и финалето на турнирот. 



