Екипите на Фулам и Мидлсброу го отворија 28. коло од Чемпионшип. На стадионот до Темза – „Крејвен Котиџ” славеше домаќинот Фулам со голот на Ентони Нокарт во седмата минута. „Црно-белите” покажаа неверојатна игра што заслужуваше да биде крунисана со уште неколку погодоци. Мидлсброу, пред овој натпревар, беше во серија од шест натпревари без пораз (четири победи и две ремија), но најпрво таа серија беше прекината од Тотенхем во ФА Купот, а сега и од Фулам во лигата. Со оваа победа, Фулам се искачи на третата позиција, но со натпревар повеќе во однос на Брентфорд, а Мидлсброу остана на 16. место.



