Првиот освојувач на англиската лига – Престон Норт Енд е во сериозна резултатска криза после репрезентативната пауза. Иако овој термин звучи доста апсурдно имајќи во предвид дека одиграни беа само два натпревари, сепак екипа што се бори за влез во Премиер Лига не смее да си дозволи луксуз од два последователни порази. Освен што поразите беа од две просечни екипи во оваа сезона, играчите на Престон покажаа лоша игра и не постигнаа ниту еден погодок.
Најпрво, загубија од Дерби со 1-0 на „Прајд Парк”, а денес беа поразени и од Хал Сити и тоа со неверојатни 4-0. Најефикасен на натпреварот беше Џерод Боувен кој постигна два гола и на последните седум натпревари за „Тигрите” вкупно девет пати ја затресе противничката мрежа ! Истиот играч му асистираше на Гросицки во 51. минута за зголемување на водсвото на 3-0, а само три минути претходно, од пенал прецизно биеше Магенис.
Со овие два порази, Престон од втората, паѓа на петтата позиција, а пред себе има и тежок распоред кој ги вклучува натпреварите со ВБА, КПР и Фулам во наредните три кола.
Останатите резултати од ова коло:
Кардиф 1-0 Стоук
Фулам 3-0 Дерби
Хадерсфилд 1-1 Свонси
Лутон 2-1 Чарлтон
Милвол 2-2 Виган
Рединг 0-1 Лидс
Блекбурн 1-0 Брентфорд
Мидлсброу 1-0 Барнсли
КПР 0-4 Нотингем
Шефилд Венздеј 1-1 Бирмингем
ВБА 4-1 Бристол Сити



