Од десетте натпревари одиграни во терминот од 16:00 часот во рамките на 24. коло од Чемпионшип, пет завршија со нерешен резултат. Четири од петте натпревари завршија со 1-1, а дуелот на Лутон и Фулам заврши со 3-3 и беше најефикасниот дуел во ова коло.
Со резултат од 1-1 завршија: Барнсли – ВБА, Блекбурн – Бирмингем, Кардиф – Милвол и Виган – Дерби.
Најубедливата победа ја оствари Брентфорд кој славеше со 3-1 против Свонси на својот „Грифин Парк” со головите на дуото Мбеумбо-Воткинс. Со иста разлика, но со резултат од 0-2, Нотингем го победи Хал, а двоен стрелец беше Луис Грабан.
Мидлсброу со минимален резултат дојде до триумф против Хадерсфилд, а воедно и до втората победа во низа.
Чарлтон со неверојатни 3-2 го победи тимот на Бристол Сити кој, вклучувајќи го овој натпревар, има серија од четири порази.
Најинтересниот натпревар со највозбудливата завршница го одиграа Стоук и Шефилд Венздеј. Најпрво, Стоук поведе со голот на МекКлин во 11. минута, а Венздеј направи пресврт преку Фокс и Лис во 67. односно 74. минута. Стоук со два гола во втората и шестата минута од судиското продолжение стигна до триумфот, а стрелците на овие голови беа Кемпбел и Воукс.
Во терминот од 18:15, Лидс ќе го пречека Престон, а во 20:45, КПР ќе гостува во Рединг.



