Традиционално, во Англија, на 26. декември (Боксинг деј) се играат речиси сите натпревари од професионалните лиги. Денес, оваа традиција најпрво ја отворија Тотенхем и Брајтон со својот дуел во 13:30 часот.
На полувремето, Брајтон замина со минимална предност преку голот со глава на дефанзивецот Адам Вебстер. Во второто полувреме, екипата на Мурињо успеа да се консолидира и да пружи подобра партија. Веќе во 53. минута „белите” израмнија преку Хари Кејн, а во 72. минута, преку одличната акција која ја заврши Деле Али, домаќините направија пресврт и водеа со 2-1. Овој резултат се покажа како конечен, а со оваа победа, Тотенхем се искачи на петтото место на табелата со натпревар повеќе во однос на Вулверхемптон и Шефилд Јунајтед.
Освен овој натпревар, од англиските професионални лиги, во пораниот термин играа и Лејтон Ориент против Колчестер. На овој натпревар, Колчестер славеше со 1-3.



