„Сити Граунд” во Нотингем го угости последниот денешен натпревар од 31. коло на Чемпионшип. Во средишниот дел на Англија, силите ги одмерија Нотингем Форест и Лидс Јунајтед. Во пресрет на натпреварот, Лидс победи само еден и загуби дури три од последните четири лигашки натпревари. Од друга страна, Нотингем влезе во овој натпревар со поразот од Бирмингем со 2-1 во претходното коло на кој му претходеше серија од четири натпревари без пораз.
Натпреварот се одвиваше со квалитетна игра и шанси на двете страни. Првото полувреме го одлучи голот на Сами Амеоби во 31. минута по грешката на Кико Касиља, голманот на Лидс. Нотингем замина со предност од 1-0 на паузата. Во 53. минута, Грабан имаше шанса да ја зголеми предноста на својот тим, но не успеа да погоди од стопроцентна шанса. До крајот, Лидс ја превзема иницијативата, но сето тоа не вроди со плод. Во 94. минута, после едне експресен контра напад, Лоли му асистира на Тајлер Вокер кој го постави конечниот резултат од 2-0. Вокер пристигна во Нотингем во јануарскиот преоден рок од Линколн и на вториот натпревар за својот нов тим го постигна дебитантскиот погодок. За Лидс ова е осми пораз сезонава кој значително им ја загрозува ситуацијата за директна промоција во Премиер Лигата. Ситуацијата на табелата е следната:
1. ВБА – 56 поени (натпревар помалку)
2. Лидс – 55 поени
3. Фулам – 55 поени
4. Нотингем – 54 поени
5. Брентфорд – 53 поени
6. Престон – 50 поени
7. Бристол Сити – 50 поени



