Блекбурн и Виган го затворија 23. коло од Чемпионшип на стадионот „Ивуд Роуд”. Виган, иако последен на табелата, покажа подобри перформанси во првото полувреме, но не постигна гол. За нивна среќа, гол не постигнаа ни домаќините, па натпреварот заврши со 0-0. Во последните седум натпревари, Блекбурн има две ремија и дури пет победи, вклучувајќи го и овој натпревар. Проблем за Роверс ќе биде повредата на најважниот нивен играч – Бредли Дак. Англичанецот, кој пред три години пристигна од Џилингем, заработи повреда на коленото и сè уште не е познат денот на неговото враќање и сериозноста на повредата којашто изгледаше доста неубаво.
Со овој поен, Виган ќе го претекне Стоук на табелата и ќе се искачи на 23. место, а Блекбурн ќе скокне до осмата позиција и ќе биде на само четири поени од третопласираниот Шефилд Венздеј.



