Првиот паралелен велеслалом во машка конкуренција се одвиваше денес во италијанската Алта Бадиа. Оваа дисциплина традиционално ни носи изненадувања па тоа не беше исклучок ни овој пат.
За прв пат во кариерата славеше Норвежанецот Расмус Виндингштад кој во финалето беше побрз од Германецот Штефан Луитз. До првиот подиум во светскиот куп во својата кариера стигна и Австриецот Роланд Лајтингер кој во малото финале го совлада Леиф Кристиан Нестволд-Хауген. Норвежаните доминираа на патеката, а во првите осум имаа дури четири претставници. Освен Виндингштад и Нестволд-Хауген, во горниот дел се пласираа и Лукас Браатен на 5. односно Хенрик Кристоферсен на 7. позиција. Од фаворитите разочара Алексис Пантуро кој заврши на 25. место откако не ја помина ни првата фаза.



