Македонскиот репрезентативец Ферхан Хасани поради повреда здобиена на натпреварот од прво коло против Летонија нема да биде во составот на нашата репрезентација за пресметката против Словенија.
Фудбалерот од средниот ред има скинато мускулно влакно и поради тоа не е во можност да настапи на натпреварот во Љубљана. Селекторот Игор Ангеловски нема повикано друг репрезентативец на негово место.



