Тимот на Стружанка е последниот полуфиналист во женскиот Куп на Македонија откако пред малку во преполната сала “Нико Нестор” го совлада тимот на Пелистер со 32:27. Гостинките од Битола добро го почнаа мечот и одлично парираа се до дваесеттата минута од првиот дел кога Стружанка со серија од три гола се одлепи за на полувреме да замине со предност од 16:12.
Во вториот дел иста слика на теренот тимот предводен од Владимир Паноски понесен од прекрасната атмосфера и амбиент кој го надополни навивачката група “Паткари” дојде до голема победа од 32:27 и пласман во полуфиналето на Купот на Македонија. Стрелци за Стружанка денес беа: Делиоска 7, Маркоска 7, Јовичанац 6, Јованоска 5, Затуроска 5 и Петреска 2. Кај Пелистер се истакна Јанкулоска со 9.
Прекрасен амбиент во Струга:
https://www.facebook.com/javisejuzno/videos/361997094528492/



