Во пресрет на трката за ГН на Сингапур, тимот на Хаас објави официјални информации за потврдување на возачките позиции за наредната сезона. Во петтата сезона како Ф1 тим, за Хаас повторно ќе возат двајцата искусни тимски колеги – Ромен Грожан и Кевин Магнусен. Двајцта возачи минатата сезона освоија вкупно 93 поени и со својот придонес му овозможија на Хаас да се најде на петтата позиција во тимскиот генерален пласман. Оваа сезона е нешто послаба во однос на претходната – Магнусен е на 16. место со 18 поени, а Грожан е 17. со 8 поени. Во тимскиот пласман се наоѓаат на претпоследната позиција.



