Заинтересираните кандидати за Б и А диплома треба своите барања и документи да ги достават до архивата на ФФМ или по пошта на адреса Бул. АСНОМ 21, 1000 Скопје – најкасно до 20.04.2019 година по завршување на уписот и формирање на групите, примените кандидати ќе бидат известени за термините на одржување на семинарите.
Центарот за Едукација при Фудбалската Федерација на Македонија распишува упис на тренери-кандидати за посета на курс за добивање на УЕФА Б и УЕФА А Диплома.
За УЕФА Б Диплома – 25 места, со следниве услови за упис на курсот:
– Барање за упис со наведени мејл и телефон за контакт, со прилог следниве документи:
– Државјанин на Република Македонија и најмалку 22 години старост, (копија од пасош)
– Завршено најмалку средно образование – 4 години, (копија од диплома)
– Најмалку 4(четири) години фудбалски стаж како сениорски играч, (потврда од клубот или општински фудбалски сојуз доколку клубот не постои)
– Лекарско уверение – оригинал
– Уплатница од 100 евра во денарска противвредност на сметка на ФФМ како прва рата (курсот чини вкупно 482 евра, во овие средства не се влезени трошоци за пат и сместување 2 х 7 дена во местото на одржување на курсот).
– две слики како за лична карта
за УЕФА А Диплома – 25 места, со следниве услови за упис на курсот:
– Барање за упис со наведени мејл и телефон за контакт со прилог следниве документи:
– Државјанин на Република Македонија и најмалку 25 години старост, (копија од пасош)
– Носител на УЕФА Б Диплома најмалку две години, (копија од дипломата)
– Најмалку 2(две) години тренерски стаж како носител на УЕФА Б Диплома од кои најмалку 1(една) како главен тренер во младински категории или асистент во сениорски категории, потврда од клубот (ФФМ ја проверува информацијата во КОМЕТ системот).
– Лекарско уверение – оригинал
– Уплатница од 200 евра во денарска противвредност на сметка на ФФМ како прва рата (курсот чини вкупно 875 евра, во овие средства не се влезени трошоци за пат и сместување 2 х 5 дена и еднаш 7 дена во местото на одржување на курсот).
Уплатата се врши на жиро сметка на ФФМ:
300000001599760 – Комерцијална Банка
Примач – ФФМ Скопје
Цел на дознака: За УЕФА Б односно УЕФА А курс.
Фото и извор: ffm.mk



