Египетскиот интернационалец и фудбалер на Ливерпул Мохамед Салах влезе во историјата на Ливерпул како играч кој најбрзо стигнал до 50 лигашки голови. За ова достигнување му беа потребни 69 натпревари, а ова го направи на гостувањето против Саутемптон при триумфот на црвените од Енфилд од 1:3.
Останатите фудбалери кои стигнале до оваа бројка беа со поголем фонд на натпревари, каде што шпанецот Фернандо Торес за 72 натпревари, на Луис Суарез му беа потребни 86, а на Роби Фаулер 88 мечеви до бројката од 50 гола.
Видео: Голот на Салах против Саутемптон за историја



