Фулам ја отвори новата сезона на Оуквел Стадиум против младата екипа на Барнсли. Единствениот гол падна во 13. минута по соло-акцијата на Лук Томас.
Во второто полувреме, Фулам повеќе внимание посвети на нападот посебно со влегувањето на новото засилување – Антони Нокарт. Сепак младите играчи на Барнсли успеаја да се одбранат до самиот крај и заслужено да дојдат до три поени.
Во второто коло, Барнсли ќе гостува на Хилсбороу кај Шефилд Венсдеј, а Фулам на свој терен ќе ја дочека екипата на Блекбурн.
Останатите резултати од ова коло:
Лутон 3-3 Мидлсброу
Блекбурн 1-2 Чарлтон
Брентфорд 0-1 Бирмингем
Милвол 1-0 Престон
Рединг 1-3 Шефилд Венсдеј
Стоук 1-2 КПР
Свонси 2-1 Хал
Виган 3-2 Кардиф
Нотингем – ВБА (сабота во 18:30)
Бристол – Лидс (недела во 17:30)
Хадерсфилд – Дерби (понеделник во 20:45)



