Фудбалерките на ЖФК 2000 Сараево оваа сезона се без пораз и пролетниот дел од сезоната го дочекуваат како главни фаворити за освојување на шампионската титула во Бих.
Саравскиот клуб е доминантен тим години наназад во Босна и нова титула за нив е веќе очекуван епилог. На крај на првенството тие се на праг да го соборат светскиот гинисов рекорд освојувајќи 18 титули по ред во Премиер лигата на Бих.
До сега тимот на Сараево има 17 титули по ред и се изедначи со рекордот на шампионот на Фарски Острови, а напролет ако ја освојат титулата број 18 ќе бидат осамени на врвот на женскиот фудбал по освојување по ред шампионати во домашното првенство и ќе соборат светски гинисов рекорд.



