Шпанскиот репрезентативен голман и член на Челзи, Кепа Аризабалага никако да ги оправда вложените средства во него откако премина од Атлетико Билбао во тимот од Лондон.

Како одминува времето голманот игра во се очајна форма и стрпливиот менаџер Френк Лампард веќе размислува да го промени голманот помеѓу стативите на Челзи.

Шпанскиот весник “El Mundo” пренесува дека причина за слабата форма на Кепа е раскинувањето на врската со неговата долгогодишна девојка.

Голманот бил во врска седум години со шпанската девојка Андреа Перез која не е позната во медиумите, но по се изгледа е голема љубов на Кепа Аризабалага.



