Екипата на Свиндон, во рамките на англиската четврта лига, одигра натпревар со Стивениџ и победи со 1-0. Стрелец на голот беше Дојл во 90. минута. Сепак, освен голот, запаметен ќе остане и еден убав гест од страна на челниците на Свиндон. Имено, едно девојче по име Роуз му испратило писмо на Дени Ли – човекот кој е одговорен за билетите на натпреварите. Во писмото било напишано:
Драг Дени
Јас заштедив 13 фунти од мојот џепарлак. Уште колку треба да заштедам и колку чини да се биде маскота ?
Од Роуз
Напред СТФК ! [Свиндон Таун ФК]
Откако го прочитал ова писмо, Дени се обратил до управата и на малата Роуз и’ овозможил бесплатно остварување на желбата.