Во рамки на програмата за размена на знаење и добивање на нови искуства, македонските тренери со УЕФА Про лиценца беа дел од тренерската работилница заедно со колегите од Чешка, Црна Гора и Албанија во Нион,Швајцарија.
Во периодот од 28. до 31. октомври 2019 година, првата група од петтата генерација на тренери учествуваа од Македонија на оваа обука. На тренерскиот семинар во Нион од македонските тренери учествуваа Александар Таневски, Александар Стојанов, Тони Мегленски, Искендер Јонузи, Милан Илиевски, Дејан Арсов, Марјан Јовановски, Дарко Крстески, Ардијан Нухији, Васе Беќаров, Димитар Маџунаров и Раде Цицмиловиќ.
УЕФА преку своите инстркутори, Хауард Вилкинсон (Англија), Јим Флитинг (Шкотска), Питер Рудебек (Данска), Паки Бонер (Ирска), Крис Ван Дер Хеген (Белгија), Вернер Миклер (Германија), како и специјалните гости презентери Станислав Черчесов (селектор на Русија), Бернхард Хуслер (претседател на ФК Базел – Швајцарија), како и Јосх Херман (експерт за користење на социјални медиуми) на кандидатите им понудија стручни информации кои се потребни за формирање на профилот на тренер носител на УЕФА ПРО диплома, врз основа на кои имаше дискусии и заклучоци од сите кандидати присутни на семинарот.
Фото: ffm.mk