Најдобриот македонски одбојкар и репрезентативен капитен, Никола Ѓоргиев по трансферот во германски Фридриксхафен игра во одлична форма и е најдобар играч во тимот. Во купот на Германија против тимот на Хајтек Волеј екипата на Ѓоргиев забележа рутинска победа од 3:1, а Ѓоргиев беше водечки поентер со 22 поени и на крај беше прогласен и за МВП на натпреварот.



