Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова и нејзиниот тим Барселона ќе играат во полуфиналето на Лигата на шампионите во женска конкуренција, откако во реваншот денеска го победија Квинер со 1-0. Барселона славеше со 3-0 и на првиот меч од полуфиналето.
Андонова на денешниот меч ги одигра вторите 45 минути. Во полуфиналето Барселона ќе игра со Баерн Минхен.



