Вечерва во СЦ “Билјанини извори” во Охрид се одригра натпревар од 21-то коло во Првата Кошаркарска лига помеѓу домаќинот КК АВ Охрид и КК Гостивар.
Кошаркарите на Гостивар ја запишаа шестата победа во низа, откако го совлада АВ Охрид со убедливи 55:92.
Фустингер со 23 поени и 7 скокови беше најефикасен кај тимот на Гостивар, додека кај домашниот состав Андрејевиќ постигна 15 поени и 9 скокови. 



