До неодамна во Македонија беше табу тема дека и девојките знаат да играат фудбал и дека е невозможна мисија тие еден ден да станат успешни фудбалски тренери. Ситуацијата од ден на ден се променува и се повеќе девојки играат фудбал и се надоградуваат со лиценци за тренери и сертификати.
Фудбалерката на шампионот ЖФК Драгон, Драгана Костова е неколкукратна шампионка при тоа со искуство од меѓународни натпревари и репрезентативка на Македонија. Костова освен фудбалски, паралелно се надоградува и со тренерски лиценци, сертификати и посетува тренерски семинари.
Во моментов има респектабилна бројка на девојки вкупно на број 25 со тренерски лиценци од кои што 10 имаат УЕФА А лиценца, додека 15 имаат Б УЕФА лиценца. ФФМ се повеќе им дава на значење на тренерите -жени во македонскиот фудбал.
На оваа тема разговаравме со Драгана Костова, а таа ја дава следнава изјава: ,,Иако сеуште активно играм фудбал, сепак посетувам внимание на едукација и за тренери, па во таа насока посетувам семинари, а со тоа и се надоградувам со тренерски лиценци и сертификати.
Бев на семинар во Копенхаген, Данска, исто така присуствував на семинар што го организираа од човечки ресурси заедно со ФФМ, а беа присутни и академии од Италија, Грција и Австрија. Работам се повеќе на себе, сакам да одиграм уште една сезона во нашата прва лига и потоа да се посветам само на тренерскиот занает.
Ги посетувам семинарите затоа што сметам дека може многу да се научи и да се најде примена во иднина. Ова веќе ми е трет семинар каде што добивам сертификат за учество. Јас имам Б УЕФА лиценца и сум подготвена и за УЕФА А лиценца, за таа лиценца ќе има семинар во септември, иако беше планиран за во мај, но поради недоволен број на пријавени се одложи токму за септември”.



