Во ,,Мерсисајд” дербито помеѓу екипите на Евертон и Ливерпул резултатот заврши 0:0 со поделба на бодовите. Навивачите на Ливерпул повторно тагуваат затоа што нивниот тим ја загуби лидерската позиција на табелата која ја презеде Манчестер Сити.
По завршувањето на натпреварот видно лутиот Јирген Клоп се упати кон соблекувалните, а на теренот детето што собира топки и беше во тренерки на Евертон го испровоцира на менаџерот со саркастичен аплауз, каде што германецот тоа го забележа и кога се чинеше дека ќе го нападне детето тој само му даде совет, се насмевна и замина од теренот.



