понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Фудбал

Клупски учинок на македонските интернационалци

Предраг Јанчески ✏️ Предраг Јанчески
март 4, 2019
📁 Фудбал

Хрватска 1

Риека 2:0 Истра 1961 две екипи со различни мотиви, каде што риечани со новата победа се зацврстуваат на второто место на табелата, додека Истра до крај на сезона грчевито ќе се бори за опстанокот во лигата. За Риека на самиот старт на првиот дел влезе во игра Дарко Велкоски, а младиот репрезентативец до У-21 Милан Ристовски остана на клупата за резерви. Во тимот на Истра го немаше во протоколот за овој натпревар исто така репрезентативецот до У-21 Агрон Руфати.

Осиек 1:1 Славен Белупо по подолго време Музафер Ејупи се враќа по тешката повреда, а на овој меч беше на клупата за резерви. Двата тима одиграа нерешено и си ги поделија бодовите.

Шпанија Примера

Рајо Валјекано 0:2 Џирона во меч за борба за опстанокот Рајо влезе во негативна серија од пет последователни натпревари без победа, а овој пат загуби од конкурентот за опстанок тимот на Џирона. Голманот на Рајо Валјекано, Столе Димитриевски на два пати беше совладан од одличниот противнички напаѓач Стуани. Домашните фудбалери останаа со фудбалер помалку од 60-та минута што дополнително му ја отежна задачата да стигнат до поволен резултат.

Англија Чемпионшип

Лидс Јунајтед 4:0 ВБА уверлив триумф на домашен терен на Лидс за кој што стандарден член е и Езџјан Алиоски кој повторно имаше блесква настап. Алиоски во последните моменти од мечот во судиското продолжение ги постави конечните 4:0 и за него ова е вкупно седми гол во првенството, а тимот е во тесна конкуренција за влез во најдобрата англиска Премиер лига.

Холандија 2 Ерсте Дивизија

Дордрехт 2:2 Нец Најмеген ефикасен натпревар со поделба на бодовите. На Дордрехт секој освоен бод му е преку потребен затоа што е во борба за опстанок во лигата. За домашната екипа цел натпревар на позицијата десен бек одигра екс младинскиот репрезентативец, Антонио Станков кој воедно е капитен на тимот.

Саудиска Арабија 1

Ал Раед 0:0 Ал Кадсија дерби за опстанок во лигата каде што двете екипи одиграа без голови и си ги поделија бодовите. За домашната екипа настапи се до 88. минута на теренот македонскиот репрезентативец Ферхан Буба Хасани.

Србија 1

Раднички Ниш 4:1 Радник убедлива победа за домашната екипа со кој што нови три бода се зацврстуваат на второто место на табелата. За Раднички цел натпревар одигра Александар Тодоровски и заработи жол картон.

Австралија 1

Мелбурн Виктори 0:2 Њукасл Џетс гостинска победа во кој што тим цел натпревар одигра искусниот Даниел Георгиевски.

Бугарија 1

Цска Софија 5:1 Септември Софија  во малото софиско дерби до триумф дојде Цска , а во гостинскиот тим цел натпревар одигра на деснокрилен напаѓач екс вардаровиот играч Дарко Глишиќ кој инаку природна позиција му е лев бек.

Славија Софија 0:3 Левски Софија во дербито на колото тимот на Дарко Тасевски кој настапи до 70. минута и на Стефан Ашковски кој пак играше до 56. минута се поразени на домашен терен од градскиот ривал Левски.

Кипар 1

Аек Ларнака 1:0 Аел Лимасол македонско дерби во Кипар во кое што до минимална победа од 1:0 дојде домашната екипа на Аек. За победничкиот тим Дааниел Мојсов одигра цел натпревар во одбраната и беше играч број еден во тој дел од одбранбената линија, при тоа заработи и жолт картон, додека Иван Тричковски влезе во игра во 69. минута и за само неколку минути подоцна мораше да го напушти теренот поради повреда. На спротивната страна не беше во протоколот за овој меч младинскиот репрезентативец  Давор Здравковски.

Италија Серија А

Џенова 0:0 Фросиноне јубилеен настап број 400 за најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев  на првенствен меч во Серија А. Неговиот тим одигра без голови со поделба на бодовите, додека Пандев настапи само во второто полувреме.

Италија Серија Б

Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Палермо 2:1 Лече многу важна победа за задржување на шансите за директен влез во најдобрата италијанска Серија А. Најзаслужен за трите бода е Александар Трајковски кој го постигна првиот гол за Палермо, а за вториот беше асистент. Трајковски настапи до 81 минута, додека Илија Несторовски играше до 68. минута и тој во текот на мечот заработи жолт картон.

Унгарија 1

Мол Види 2:1 Кишварда нов триумф на Мол Види во трка по шампионската титула. За домашната екипа настапи од 82. минута репрезентативецот Бобан Николов.

Холандија 1 Ередевизија

Екцелзиор 0:2 ПСВ Ајдховен домашната екипа не успеа да се спротистави на фаворизираната екипа и остана без постигнат гол и без бодови. За домашната екипа Денис Махмудов остана цел меч на клупата за резерви.

Словачка 1

Ружомберок 0:0 Михаловце натпревар без голови и со поделба на бодовите. За Ружомберок Јани Урдинов и Тихомир Костадинов одиграа цел меч.

Жилина 2:1 Злате Моравце домашанта екипа ја совлада последно пласираната екипа, а во победничкиот тим не беше во протоколот за овој меч младинскиот репрезентативец Енис Фазлагиќ, додека на спротивната страна младинскиот репрезентативец 18-годишниот Томче Гроздановски остана на клупата за резерви.

Слован Братислава 2:0 Трнава рутинска победа на лидерот на табелата на тимот за кој настапува Кире Маркоски кој на овој меч играше се до 86. минута на теренот.

Турција 1

Фенербахче 3:2 Ризеспор ефикасен и неизвесен натпревар каде што до важни три бода стигна домашната екипа која оваа сезона наместо за титулата се бори за опстанокот во лигата. За Фенербахче во последните моменти од мечот Елиф Елмас доби епизодна минутажа на теренот.

Коњаспор 1:1 Гезтепе натпревар со поделба на бодовите каде што домашната екипа пропушти да дојде до три бода со кои што ќе се најдеше на место на табелата кое носи место во евро-квалификациите. За Коњаспор во првото полувреме одигра Леонард Жута каде што заработи и жолт картон, додека Адис Јаховиќ одигра цел натпревар против екс  клубот  Гезтепе. За овој меч не беше во протоколот за настап младинскиот репрезентативец Ердон Даци.

Чешка 2

Храдец Кралове 2:0 Соколов важна победа за домаќините во борба за директен пласман во најдобрата чешка лига. За Храдец  до 57. минута настапи Фахрудин Ѓурѓевиќ.

Грција 1

Офи Крит 0:0 Аел Лариса меч без голови и со поделба на бодовите. За Аек во фунишит на натпреварот настапи Никола Јакимовски од 79-та минута на теренот.

Португалија 1

Спортинг Лисабон 3:1 Портимоненсе рутинска победа на Спортинг каде штп цел натпревар одигра Стефан Ристовски.

ShareTweet
Претходна вест

(Фото) Клоп беше провоциран од дете кое собира топки

Следна вест

Пандев го запиша настапот број 400 во Серија А

Предраг Јанчески

Предраг Јанчески

Слични вести

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ
Фудбал

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
11/Ное/2026
Поранешен играч на Пелистер и Караорман ќе дебитира за Албанија!
Фудбал

Поранешен играч на Пелистер и Караорман ќе дебитира за Албанија!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
10/Ное/2026
Елмас повторно во Италија: Македонскиот репрезентативец потпиша за Аталанта!
Фудбал

Елмас повторно во Италија: Македонскиот репрезентативец потпиша за Аталанта!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
22/Авг/2026
СТРУШКИОТ БИСЕР ГО НАПУШТА РАБОТНИЧКИ: Дитмир Хоџа на само 17 години заминува во ЛИДС ЈУНАЈТЕД!
Фудбал

СТРУШКИОТ БИСЕР ГО НАПУШТА РАБОТНИЧКИ: Дитмир Хоџа на само 17 години заминува во ЛИДС ЈУНАЈТЕД!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Авг/2026
Следна вест

Пандев го запиша настапот број 400 во Серија А

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.