Македонскиот фудбалски бисер, Елиф Елмас одигра на дербито против Сампдорија 76 фантастични минути и беше еден од најзабележителните фудбалери на теренот и придонесе за победата на домашен терен од 2:0.
Елмас во италијанските медиуми беше најдобро оценет фудбалер и го споредуваат со хрватот Лука Модрич по стилот и прегледот на игра заедно со точните пас проигрувања. Елиф Елмас за 76 поминати минути на терен оствари 52 пас додавања со 92 % на успешност, осум добиени дуели и му беше регистриран еден шут кон противничкиот гол.



